TheNorthmacedoniaTime

Сопствен дом со само 10% учество: Станбен кредит од УНИБанка со фиксна камата од дури 12 години

2026-03-19 - 11:23

Станбен кредит од УНИБанка – сигурен чекор кон сопствен дом Купувањето сопствен дом е една од најважните животни одлуки. Но, покрај возбудата што ја носи новиот почеток, често се јавуваат и многу прашања: дали учеството е доволно, дали ратите ќе останат стабилни, што ако се променат каматните стапки? Со цел да обезбедиме поголема сигурност и комфорт на клиентите, УНИБанка нуди станбен кредит со цел да го направи патот до сопствен дом поедноставен, појасен и предвидлив. Стабилност на која можете да се потпрете Една од најголемите предности на новиот кредит е каматната стапка од 3,9% за цел период, стабилна дури 12 години. Ова значи дека добивате стабилна месечна рата и со сигурност може да ја планирате својата финансиска иднина, без грижи од евентуални пазарни промени. Полесен почеток со пониско учество За да го олесни првиот чекор кон сопствено живеалиште, УНИБанка ви овозможува минимално учество од само 10%, со што значително го намалува финансискиот товар при купување на стан или куќа. Поголема сигурност Имате и можност за вклучување на ризико осигурување на живот, со што се обезбедува дополнителна сигурност за најблиските во случај на непредвидени настани, а со оваа опција се добива и пониска каматна стапка од 3,7%. Дополнителна финансиска поддршка Со одобрување на станбениот кредит, може да аплицирате и за потрошувачки кредит, кој може да го искористите ненаменски, но и за: • покривање на учеството; • уредување или опремување на новиот дом; • плаќање на даноци и трошоци поврзани со купопродажбата. На овој начин, целиот процес на купување и уредување на домот ви станува поедноставен и финансиски полесно изводлив. Домот од соништата – реалност Со внимателно креирани услови и фокус на сигурност, УНИБанка продолжува да создава современи банкарски решенија кои одговараат на реалните потреби на клиентите. Бидејќи, УНИБанка е Твојата Банка.

Share this post: