Противвоздушната одбрана на ОАЕ пресретна и уништи 10 ирански балистички ракети и 45 дрона
2026-03-17 - 14:14
Системите за противвоздушна одбрана на Обединети Арапски Емирати денеска пресретнаа и неутрализираа 10 балистички ракети и 45 беспилотни летала лансирани од Иран. Од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток воздушната одбрана на ОАЕ неутрализира вкупно 314 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.672 беспилотни летала, при што загинаа двајца војници од ОАЕ, шест државјани на Пакистан, Непал, Бангладеш и еден Палестинец. Вкупно 157 лица се повредени, меѓу кои има и странски државјани. Министерството за одбрана на ОАЕ нагласи дека останува во целосна борбена готовност и е подготвено да одговори на какви било закани.
Share this post: