TheNorthmacedoniaTime

За 10 години, од 52 на 22 милиони опаднал бројот на патници во ЈСП Скопје

2026-02-18 - 10:27

Во 2015 година, со автобусите на ЈСП се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Центарот ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Истражувањето покажува дека само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно. „ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно. Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185. Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години“, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Како што информираат оттаму, доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 отсто се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. „ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години. Само 10 отсто од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5“, се додава во соопштението.

Share this post: