Ана Цветановска го освои 105. место во трката на 10 километри на ЗОИ во Милано и Кортина
2026-02-12 - 14:20
Ана Цветановска се пласираше на 105. место на трката на 10 километри нордиско трчање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина кои се во тек. Таа ја помина патеката 31 минута, 32 секунди и четири стотинки и на крајот имаше заостаток од осум минути и 43 секунди зад новата олимписка шампионка Фрида Карлсон од Шведска. На стартот се појавија 111 натпреварувачки, од кои три не ја завршија трката. Ова е единствената дисциплина во која ќе настапи Цветановска, која беше во олимпискиот тим и пред четири години во Пекинг.
Share this post: