TheNorthmacedoniaTime

Тошковски ќе се обрати во 12:30 часот

2026-03-03 - 10:48

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во 12.30 часот ќе одржи прес конференција, најавија од МВР. Се очекува тема на прес-конференцијата да биде вчерашниот настан во кој животот го загубија мајка и ќерка по пад од висококатница во скопски Карпош. Неофицијално, министерот ќе даде одговори и на сите прашања отворени во јавноста по трагедијата, како и за постапувањето на полициските службеници претходно.

Share this post: