TheNorthmacedoniaTime

Исплатени се речиси половина милијарда денари кон 12.458 лозари

2026-02-13 - 13:09

Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Средствата се исплатени по Мерката 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување постојни лозови насади. – Се потврдуваат посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Продолжуваме со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство – се вели во соопштението.

Share this post: