Златото денеска се продава по пониска цена, грам е 126 евра
2026-03-25 - 07:53
Падна цената на златото на светските берзи. Денес еден грам се тргува за 126 евра или една унца (31,1 грам) чини 3.930 евра. Аналитичарите посочуваат дека цената на златото е под влијание на неколку клучни фактори како движењата на инфлацијата во еврозоната, курсот на еврото во однос на доларот и геополитичките тензии и економската неизвесност. Минатата недела, цената се движела во тесен опсег. Експертите очекуваат дека златото ќе продолжи да игра улога на „сигурно засолниште“ за инвеститорите, особено во услови на глобална економска неизвесност.
Share this post: