15-годишник во обложувалница претепан од 18 годишно момче
2026-02-07 - 14:58
Утринава (07.02.2026) во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Share this post: