TheNorthmacedoniaTime

Петрушевски: За помалку од две години, минималната плата порасна 15,4%, просечната 23,4%, инфлацијата од 14,2 спадна на 3,5-4 отсто…

2026-03-15 - 19:07

Во најновото соопштение публикувано од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, а кое всушност е преземен статус од ФБ на пратеникот Бране Петрушевски се зборува за прашањето за платите. Соопштението на партијата, го пренесуваме интегрално: „Факти наместо политички конструкции. За помалку од 2 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ: Минималната плата порасна од 22.567 денари во 2023 на 26.046 денари во 2026, раст од 15,4%. Просечната плата порасна од 36.622 денари во 2023 на 45.202 денари во 2025, раст од 23,4%. Во исто време, инфлацијата која во 2022 беше 14,2%, а во 2023 изнесуваше 9,4%, во 2024 се стабилизира на 3,5%, а во 2025 е околу 4%. Економијата расте шести квартал по ред, 2025 ја завршивме со кумулативен раст од 3,5%. Буџетскиот дефицит го задржавме на проектираните 4%, а јавниот долг е намален и изнесува 59,3% од БДП. Платите растат, економијата расне, инфлацијата се стабилизира. Оптимум во дадените екомонски околности. Ќе продолжиме со уште подобри економски перформанси. И уште еден факт: функционерските плати не се зголемуваат откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за управување со државата.“

Share this post: