Објавен јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
2026-02-27 - 14:17
Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. Најповолниот понудувач има обврска да ги произведе и испорача автобусите во следните рокови: 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и 60 автобуси во рок од 18 месеци. Јавниот повик е објавен денеска на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки. Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година. „Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини. Покрај еколошките придобивки, набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија“, велат од Министерствто за транспорт.