TheNorthmacedoniaTime

Десетици илјади луѓе во погребните поворки за над 170 убиени ученички во израелско-американските напади врз Иран

2026-03-03 - 20:08

Во Иран се одржaa масовни погреби на ученичкиte кои беа убиени како резултат на израелско-американски напад врз женско уилиште во округот Минаб во покраината Хормозган во Иран. Десетици илјади луѓе излегоа да се збогуваат со децата, а иранските медиуми објавија пренос од масовните поворка кои тажеа. Станува збор за удар извршен на 28 февруари – првиот ден од израелско-американските напади врз Иран, кога во бруталниот напад беше целосно срушена зградаа на основното училиште за девојчиња „Шаџаре Тајеб“ во Минаб. Во времето на нападот, голем број ученички биле во зградата. Првично беше објавено дека се убиени 165 ученички, но подоцна, кога завршија активностите за извлекување на телата од под урнатините, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави ажурирани бројки – 171 убиени девојчиња на возраст од 7 до 12 години. Исто така, во нападт загинале и наставници. Ова се гробовите ископани за повеќе од 170 невини девојчиња кои загинаа во основно училиште како резултат на заедничко американско-израелско бомбардирање. Нивните тела беа искинати на парчиња. Вака всушност изгледа „спасувањето“ што го вети г-дин Трамп“, истакна иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, на социјалните мрежи.

Share this post: