18-годишник покажал лична карта и на негово име измамник зел 215.000 денари кредит
2026-02-18 - 13:16
Осумнаесетгодишно момче од Неготино пријавил дека неговата лична карта била злоупотребена за подигнување кредит во финансиско друштво, соопштија Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 17 февруари во 09:45 часот, момчето информирало дека во октомври или ноември лани, машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало личната карта, со образложение дека документот бил потребен за постапка за делење пакети за црква, за што наводно требало да добие паричен надомест. Тој навел дека до денот на пријавувањето не бил повикан да учествува во делење пакети, ниту пак добил каков било надомест. Во меѓувреме, добил писмо од финансиско друштво со известување за отплата на кредит во износ од 215.731 денари, подигнат на негово име“, соопшти МВР. Тој се сомнева дека истото лице го искористило фотографираниот документ за да подигне кредит без негово знаење и согласност. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.