TheNorthmacedoniaTime

Концерт на Националниот џез оркестар и Ренато Кико на 19 февруари во Опера и балет

2026-02-05 - 13:58

На 19 февруари, на сцената со Националниот џез оркестар ќе настапи Ренато Кико, пијанист и органист чиј музички израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на Lionel Hampton и музички директор на Jon Hendricks & Company, Кико делувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција, настапувајќи и во култни џез-клубови како Blue Note и Birdland. Денес, неговиот авторски потпис најјасно се препознава преку звукот на хамонд-оргулите – инструмент кој во проектот Organ & Big Band е поставен во центарот на оркестарскиот израз. На концертот ќе биде изведена програмата од неговиот албум First Encounter – Organ & Big Band – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат, преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани. Специјален гостин на вечерта е Енди Ватсон (Њујорк) – тапанар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли како Vanguard Jazz Orchestra и Toshiko Akiyoshi Big Band. Неговиот препознатлив грув и стил претставуваат клучен елемент во звучниот идентитет на овој проект. Билетите за концертот може да се купат онлајн на https://mktickets.mk/event/njo-renato-chicco/ и на продажните места на MKTickets. Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.

Share this post: