TheNorthmacedoniaTime

Промоција на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на 19. и во првата половина на 20. век“

2026-03-16 - 10:26

На 18 март во 12:00 часот, во Европска куќа – Скопје, ХЕРА и Тиииит! Инк. ќе ја претстават новата публикација која ја отвора темата за улогата и придонесот на жените во општествените, политичките и културните процеси во Македонија. Публикацијата претставува историска читанка која ги отвора прашањата за улогата, искуствата и придонесите на жените во општествените, политичките и културните процеси во Македонија, во периодот од крајот на XIX до средината на XX век. Таа има за цел да го надополни недостатокот на наративи за женската историја во наставата и во јавниот историски дискурс и да понуди критички пристап кон разбирањето на минатото. Во читанката се обработуваат теми поврзани со политичкото дејствување на жените, нивната улога како работнички, развојот на женското образование, како и нивниот придонес во здравството и социјалната заштита, при што се користат историски извори, сведоштва, фотографии и други материјали кои ја осветлуваат женската перспектива во историјата. Публикацијата е подготвена од истражувачки тим, составен од: Петар Тодоров, Јана Трајковска, Дарко Леитнер-Стојанов и Јана Коцевска, и претставува педагошки материјал наменет за ученици, наставници, истражувачи и сите заинтересирани за родовата перспектива во историјата. На настанот ќе се одржи разговор со авторите на публикацијата, при што ќе се дискутира за процесот на истражување, историските извори и значењето на вклучувањето на женската перспектива во изучувањето на историјата.

Share this post: