За пензионерите од Бутел со минимална пензија еднократна помош од 2.000 денари
2026-02-02 - 11:38
Од утре па до 24 февруари пензионерите од општина Бутел кој припаѓаат во најранливата категорија со минимални пензии же можат да аплицираат за еднократна финанискса помош во износ од 2.000 денари. Потребната документација предвидена со јавниот повик може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 9 до 15 часот. Право на финансиска поддршка можат да остварат граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на оваа Општина кои се приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари. Исплатата на еднократната помош ќе се реализира на принцип “прв дојден – прв услужен”.
Share this post: