TheNorthmacedoniaTime

Од 2 кг брашно направете 35 лепињи

2026-03-20 - 12:04

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл млако млеко 1 литар млака вода 70 мл масло 20 г свеж квасец 2 кг брашно 3 лажички сол За премачкување: 1 полна лажица цврст јогурт или кисела павлака 1 жолчка од јајце 1/2 чајна чаша вода 50-60 мл (ако јогуртот е густ) ПОСТАПКА: 1. Во поголем сад убаво измесете ги состојките потребни за тестото, ќе добиете меко и малку лепливо тесто, па оставете го да ферментира најмалку 2 часа. 2.Повторно премесете го ферментираното тесто и оставете го поклопено да ферментира уште 45 минути. 3.Потоа тестото истресете го на набрашнета површина, оставете да прими брашно колку што му е потребно без да го месите (со нежно валање со шпатулата), па поделете го на 35 еднакви парчиња. 4.Обликувајте топчиња и оставете ги покриени со крпа повторно да отстојат 20 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 250°. 5.Почнувајќи од првото тесто што го направивте, ставете го на плехот и малку сплескајте го со лесно допирање одозгора, па премачкајте го со смесата со јогурт. 6.Ставете ги лепињите да се пече во претходно загреана рерна на 250° 10 минути.

Share this post: