TheNorthmacedoniaTime

Чаирчанец за два месеци си присвоил повеќе од 2,7 милиони денари од фирмата во која работел

2026-02-16 - 15:29

Чаирчанец кој работел како менаџер во продавница во трговски центар во Чаир, во неколку наврати си присвојувал пари од касите и сефот, со што ја оштетил компанијата за нас 2,7 милиони денари, соопштуваат од Основното јавно обвинителство (ОЈО). „Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18 декември лани до 4 февруари, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел“, се наведува во соопштението. Како што се додава, бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложил и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот. „Обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице“, се додава во соопштението.

Share this post: