Македонија меѓу водечките земји во Југоисточна Европа по број на изработени игри на Глобал Гејм Џем 2026
2026-02-02 - 08:58
Четиринаесетта година по ред во Македонија се одржа најголемиот и најпознатиот маратон во креирање на видео игри „Глобал Гејм Џем“ од страна на Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри. Како и секоја година желбата за креирање игри во рок од 48 часа станува поголема. Годинава бројката на учесници го надмина и максималниот капацитет што локацијата можеше да понуди. Вкупни беа пријавени 120 учесници од сите генерации. Најмладите учесници оваа година беа две група на млади пријатели кои имаа по 10 години, но огромна желба за правење на видео игри. Учесници со најубавото име на целиот настан – „НМТ – Најмалите Тука“. Македонија оваа година може да се пофали со изработени 37 игри, од кои 25 се креираа на „Глобал Гејм Џем Скопје“, останатите 12 беа изработени на Глобал Гејм Џем во Битола. Со оваа бројка Македонија се пласираше на листата меѓу земјите со најмногу изработени игри во Југоисточна Европа. Наградите оваа година варираа од 50 евра до 300 евра, со тоа што секоја награда беше 50 евра, само наградата за „Најдобра Игра“ беше со најголема заработка од сите останати. Наградата за „Ѕвезда во Подем“ што се доделува на учесници што првпат учествуваат и имаат направено нешто интересно, беше доделена на тимот и играта “ЛабРатс“ кои беа младите дечки што изработија платформер игра со елементи на циркус. Наградата за „Мик Гордон Саундрак“ односно „Најдобра музика во игра“ беше доделена на играта и на тимот „Тим Неспиени“. Овој тим спесифично имаше членови кои целата нивна работа е посветена на креирање на музика и звуци во видео игри. Наградата за „Најдобра Друштвена Игра“ ја доби тимот „Локо Кроко“ кои изработија игра на која целиот жанр беше игра со карти во стилот на познатата „Balatro“ која минатата година го освои светот. Наградата за „Епско Кодирање“ односно награда што се дава за игра која се прави на лице место без никакви позајмувани и купувани веќе готови асети. Оваа награда ја доби тимот на „The Unfortionated Seven“ кои изработија VR игра што можеше да се игра на Meta Quest 3. Според жирито оваа игра дефинитивно треба да биде продолжена да се направи во целосна игра и да биде пласирана. Наградата за „Пиксел Перфект Игра“ односно награда која што има елементи и стил на „Пикеслизирана игра“ беше доделена на тимот „Elon Mask“. Тимот изјави дека играта и името немаат никаква врска со играта, едноставно не знаеле што точно сакаат да направат со име, и само ја ставиле таа инсприација. И конечно наградата за „Најдобра игра“ која се доделува на играта која што во секој аспект ги имала најдобрите елементи и моменти на перфекција беше доделена на тимот „СИБИТИ“. Глобал Гејм Џем Скопје одамна не е само настан, туку доказ дека во Македонија постои жива, амбициозна и талентирана заедница што знае да создава, и тоа под притисок, во рок од 48 часа, со идеи што мирисаат на иднина. Овој џем не е само натпревар за награди, туку место каде што се раѓаат нови пријателства, се учи преку пракса, се тестираат граници и се гради самодоверба, и кај новите, и кај искусните креатори. А кога интересот го надминува капацитетот и бројките растат од година во година, тоа не е случајност, туку сигнал дека сцената бара уште простор, уште можности и уште вакви собири. Следната година, приказната логично продолжува со нови тимови, нови идеи и уште поголема мотивација да се покаже дека Македонија не само што учествува, туку и остава трага во светот на гејм девелопментот.