TheNorthmacedoniaTime

Скопје и Македонија во 2027 година ќе бидат домаќини на Светското првенство за ракометари до 21 година

2026-03-04 - 10:27

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на Светското првенство за играчи до 21 година, објави денес РФМ. Мундијалот ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година. Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани, додаваат од федерацијата. РФМ изрази благодарност до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) за укажаната доверба и можноста повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување.

Share this post: