TheNorthmacedoniaTime

22 Март- Светскиот ден на пантомимата се слави во повеќе од 60 земји

2026-03-22 - 11:34

Светскиот ден на пантомимата на 22 март, кој се слави во повеќе од 60 земји на пет континенти, со прв слоган на Светската организација за пантомима „Пантомима – јазикот на мирот“, е особено важно сега кога низ целиот свет се водат безброј војни и вооружени конфликти . За предок на пантомимата се смета францускиот актер и пантомимичар Марсел Марсо, кој ги почитувал сите луѓе, култури и религии и се залагал за мир, комуникација и уметност, несебично патувајќи во сите делови на светот каде што танцувал и обучувал други. Меѓународното училиште за пантомима на градот Париз „Марсел Марсо“ е основано во 1978 година, а е затворено во 2005 година, две години пред смртта на Марсо. Дипломците на тоа училиште биле од овие краишта .

Share this post: