TheNorthmacedoniaTime

Нови поплави во Кичево: Евакуирани 270 лица, меѓу нив и 79 деца

2026-02-20 - 11:36

Кичево повторно се соочува со поплави по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа излевање на водотеците и навлегување на вода во повеќе домови, информира Црвениот крст на Македонија. До денес вкупно 270 лица се евакуирани и згрижени, меѓу кои 79 деца, 191 возрасен и 11 лица со инвалидитет. Од евакуираните деца: 5 се на возраст од 0–1 година 5 се на 2 години 15 се на 3 години 54 се на возраст од 4 до 10 години Меѓу возрасните, евакуирани се 102 жени и 89 мажи. -Како привремена локација за сместување е определена Спортската сала „Христо Узунов“ – Кичево, каде на погодените граѓани им се обезбедени основни услови за престој, храна, хигиена и облека. Покрај евакуираните, вкупно 365 домаќинства се евидентирани како засегнати со материјална штета. Надлежните служби се на терен и вршат проценка на штетите, додека се преземаат мерки за расчистување на теренот и нормализирање на состојбата, информираат од Црвен крст.

Share this post: