Италијанката Лолобриџида на својот роденден постигна олимписки рекорд за злато на 3.000 метри
2026-02-07 - 18:19
Италијанската брзо-лизгачка Франческа Лолобриџида го освои златниот олимписки медал на 3.000 метри на Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина д’Ампецо. Италијанката која денесна наполни 35 години ја заврши дистанцата за 3 минути и 54,28 секунди, поставувајќи нов олимписки рекорд. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на Холанѓанката Ирене Шоутен, која постави време од 3 минути и 56,93 секунди на Игрите во Пекинг, Кина, во 2022 година. Норвешката Рагне Виклунд заврши втора, 2,26 секунди зад Лолобриџида. Канаѓанката Валери Малте заврши трета (2,65 секунди зад). Франческа Лолобриџида ѝ го донесе на Италија првиот златен медал на Олимписките игри 2026.
Share this post: