TheNorthmacedoniaTime

Јуве на „Олимпико“ стигна од 3-1 на 3-3

2026-03-02 - 07:58

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, ги пофали своите фудбалери за упорноста и максималното залагање до самиот крај на синоќешниот натпревар со Рома од 27. коло на Серија А. Средбата во Рим заврши 3:3, а Рома водеше со 3:1 на 15-ина минути пред крајот. – Секогаш мора да бидете самоуверени, не само во фудбалот, туку и во животот. Имаше момент кога премногу работи не ни одеа, а немавме ниту среќа. Мојот тим демонстрираше неколку важни работи и гледам дека нивните перформанси се подобруваат. Мислам дека имаме одличен крај на сезоната што претстои. Ако ги погледнете хипотетичките ситуации со кои се соочи тимот во првото полувреме, не сум задоволен. Но, кога ќе ја напуштите Лигата на шампионите како што направивме ние, оптоварени со замор, разочарување и болка затоа што тимот играше добро, враќањето на вистинскиот пат откако Рома ги постигна тие голови е тешка задача, но играчите веруваа во себе. Не ја изгубија самодовербата ниту при негатива од два гола, изјави Спалети по натпреварот.

Share this post: