TheNorthmacedoniaTime

Одреден 30-дневен притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за поткупот од 50.000 евра

2026-03-20 - 20:43

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на приведениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито. Прифатен е предлогот на ЈО за определување мерка притвор во траење од 30 дена против В.А. по сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото“, потврдуваат од Кривичен суд – Скопје. МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито, завршил со лисици Го фатиле со обележани пари, кога од бараните 100 илјади евра од увозник, преку шпедитер – посредник земал половина од сумата за да овозможи влез на стока, за која, како што велат од Обвинителството, вршел притисок врз службеници да не биде пропуштена и да стои на граница Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник.

Share this post: