Испробајте ја бесплатно класата Паладин во Диабло 4 до 19 март
2026-03-16 - 12:08
Во играта Диабло 4 можете да ја испробате класата Паладин сосема бесплатно и ако ја немате купено играта воопшто, оваа промоција трае до 19 март. Играта едноставно се симнува преку Battle.net за PC, а оваа бесплатна верзија е достапна за сите играчи и на конзолите Плеј стејшн 5 и Икс бокс, но не и на Стим верзијата на Диабло 4, каде што исклучиво е предуслов да се има купено играта претходно. Новата Сезона 12 Season of Slauther каде може да се претворите во познатиот демон The Butcher и да ловите играчи, со сосема нова приказна од ланец на квестови веќе е во тек: Иако скоро беше најавена класата Warlock за која имаме напис овде и интересот е огромен, се чини дека бесплатното играње на Паладин до 25 ниво е моментално доста популарна активност. Особено поради тоа што оваа промоција не бара никакво купување и нема трошоци што се однесува до пристап на играта – за да се испроба паладинот и од луѓе што ја немаат купено. Имаме претходен напис тука за кога беше додадена класата Паладин со преднарачка на следната експанзија за Диабло 4, со чие излегување доаѓа и Ворлокот. Класата Паладин веќе се игра иако во сетинг на постоечките мапи, каде најбрз начин за левелирање на паладинот до левел 25 се Helltide настаните. Меѓутоа имајте на ум дека во моментот кога ќе кренете 25 ниво со класата паладин на овој трајл, ликот се заклучува и може да биде отклучен и да се продолжи со истиот лик, само откако би ја купиле експанзијата во преднарачка. Диабло 4 е игра која што го дефинира жанрот на изометриски hack and slash игри, но за разлика од повеќето игри во Диабло 4 има тешкотија која захтева повеќе да се движите додека се борите, бидејки стоење во место и удирање најчесто значи смрт за сите класи освен Некромансерот кој може да се одржува со крвави магии и вампиризам повеќе од другите класи. Мобилноста е многу важна, скоро сите класи имаат вештини за пробивање низ толпа непријатели и подобро позиционирање, затоа што ако ве опколат чудовишта и не мрдате да излезете од таква заседа најчесто се гине и во најсилната опрема. За среќа како што секогаш, обичај за новите класи да бидат помоќни одошто претходните, Паладинот има мобилност каде може дури и да скока нагоре на ридови, и од високо на тлото. Ангелските моќи на паладинот се посебно интересни и добро анимирани. Тоа што се извршуваат со копје или копја од светлина е референца за копјето на починатиот Архангел Инариус што го направил светот Sanctuary заедно со Лилит, а паладинот е негов свет борец. Секако дека конотациите што потсетуваат на крстоносец од историја се такви какви што се, но овде се работи за фантазиски „Свет Витез“ наречен Паладин -што е католички израз за такво нешто. Иако во полно RPG игри Паладинот е присутен како класа за бирање веќе со децении откако постојат видео игрите, дека истовремено е воин и лекувач што со светлини лечи сојузници. Моментално има четири популарни билдови за паладинот, меѓу кои за со штит, за со дворако оружје, за пресудување и со ангелски моќи. Употребата на штитот е најефикасна од сите различни комбинации за време на оваа бесплатна верзија. За ова е доволно да се отклучат скиновите на било кој ваш лик претходно и се менуваат со менување на класата да кореспондираат на архетипскиот изглед токму за одредена класа, при собирањето скинови во Диабло 4 тоа функционира да се добие скинот после правање Salvage, не со самото земање и користење на дадено оружје или парче оклоп како во повеќето слични игри. За важноста на скиновите во видео игрите воопшто може да го консултирате следниов Водич. Ако имавте потешкотии да ги разберете гејмерските изрази во овој напис, ви препорачуваме да го прочитате следниот Водич за RPG термини каде сите фрази се објаснети детално и описно токму што значат на македонски јазик. Промоцијата да се игра бесплатно Паладин без да мора да е купена играта трае до 19 март, но сепак бара целосно симнување на Diablo 4 и препорачуваме да ја испробате преку Battle.net платформата на Близард. Играта може да се игра и на основен гејмерски компјутер.