TheNorthmacedoniaTime

Мисајловски: Годинава ќе пристигнат сите 42 борбени возила „Страјкер“ од САД

2026-01-27 - 12:12

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледаа информацијата за потребата од доделување на амандманот број 2 на договорот за техничка поддршка, кој се однесува на набавката на 42 лесни оклопни возила на тркала STRYKER MK‐B‐UCE, склучен помеѓу Владата на РСМ и Владата на САД. Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, појасни дека станува збор за технички амандман, кој е неопходен за инсталација на опремата на возилата и обезбедување на целосна обука на персоналот. „Се работи за технички аранжман, бидејќи веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба да се направи постапка за инсталација на целата опрема што пристигнува. Како краен корисник е Министерството за одбрана, а возилата целосно ќе останат во Армијата. Нема ништо дополнително, договорот е во ред и сите возила ќе пристигнат оваа година“, рече Мисајловски. Амандманот број 2, како што беше објаснето, е формален технички аранжман, кој не менува суштината на договорот, туку овозможува правилна интеграција и подготовка на возилата за оперативна употреба.

Share this post: