TheNorthmacedoniaTime

Над 470 македонски граѓани, заглавени на Блискиот Исток, се обратиле до македонските амбасади

2026-03-03 - 11:58

Вкупно 473 македонски државјани до денеска контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби, информираше Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Од нив 19 лица се пријавиле од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин. Министерството информира дека во моментов не се препорачува евакуација по копнен пат за македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и во Обединети Арапски Емирати и дека таа ќе започне во првата безбедна прилика. Во моментов се анализираат и алтернативите за безбедно извлекување и на граѓаните кои се наоѓаат во Тел Авив. Од институцијата уште еднаш апелираат македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски линии на кризниот штаб при Министерството, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва.

Share this post: