Земјотрес од 5,1 степeн ја стресе Јапонија
2026-03-29 - 11:24
Јапонија денес беше погодена од земјотрес со магнитуда од 5,1 степен според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот, наводно, бил на отворено море во близина на архипелагот Рјуку, на длабочина од 10 километри и на растојание од 187 километри од Окинава. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Share this post: