TheNorthmacedoniaTime

Жител од Камењане измамил 55-годишник од Желино за сума од 4.200 евра

2026-02-19 - 11:46

Педесет и пет годишен жител нa село Желино бил измамен за сума од 4.200 евра, информираат во СВР Тетово. Според пријавата, вчера во 15 часот во СВР Тетово, 55-годишник од село во општина Желино пријавил дека бил измамен од С.Р. од с. Камењане, општина Боговиње. „Во текот на 2024 година пријавениот му ветил на оштетениот дека ќе му посредува за добивање социјална помош и социјален стан, за што во неколку наврати му исплатил вкупно 4.200 евра. По некое време услугите не биле извршени, а парите не му биле вратени, по што сфатил дека бил измамен. Се преземат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во извештајот на МВР.

Share this post: