TheNorthmacedoniaTime

Во Италија живеат 557 илјади албански граѓани, 141 илјада од нив имаат италијански пасоши

2026-03-16 - 20:27

Според податоците на Евростат за структурата на странското население, по земја на раѓање, околу 557 илјади лица родени во Албанија живееат во Италија, од нив околу 416 илјади се албански државјани, додека останатата бројка, од 141 илјада поседуваат италијанско државјанство. Ова ја потврдува албанската заедница како втора по големина во Италија по романската, одржувајќи многу консолидирано присуство на италијанскиот пазар на трудот и во социјалната структура на земјата. Граѓаните родени во Албанија сочинуваат 8,3% од вкупниот број емигранти во Италија. Најголемата група емигранти во Италија се Романците, со околу 900 илјади граѓани родени во Романија, или 13,5% од вкупниот број емигранти“, објавија албанските медиуми. Со оглед на актуелниот број на населението на двете земји, Романија со 19 милиони жители и Албанија со 2,36 милиони жители, албанската заедница во Италија, во однос на населението во матичната земја, е неколку пати поголема од романската. Евростат не објавува податоци за Грција, каде што живеат голем број албански емигранти, кој, според албанските медуми е над 600 илјади, а неофицијално грчки пасош имаат над 200 илјади. Во однос на населението, Албанија има најголем број емигранти во Европа, што ја става земјата јасно на врвот на листата во однос на населението.

Share this post: