TheNorthmacedoniaTime

Студено утро во Македонија: 57 сантиметри снег на Попова Шапка

2026-03-23 - 08:04

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -3 степени, додека највисока температура од 8 степени е измерена во Гевгелија. Според податоците на УХМР до 08:30 часот, температурите се движат од -2 степени во Лазарополе, -1 во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Берово и Крушево, 2 во Претор, 3 во Охрид, Битола, Прилеп, Пожаране и Виница, 4 во Ѓуриште и Тополчани, 5 во Тетово, 6 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип и Струмица, и 7 степени во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес. На Попова Шапка во 7 часот висината на снежната покривка била 57 сантиметри. Денеска времето ќе биде променливо облачно, а попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени. Во Скопје ќе има променливо облачно време, со услови за повремен слаб дожд попладне во делови од котлината. Ветерот ќе биде слаб до умерен од север, а максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Share this post: