TheNorthmacedoniaTime

Во автобус на „Дурмо турс“ пронајдени 580 парчиња куршуми, две лица лишени од слобода

2026-03-27 - 13:54

Mобилен царински тим при oдделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце, соопштуваат од Царинска управа. „Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица. Делото е откриено вчера кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на „Дурмо Турс“ кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар“, се наведува во соопштението.

Share this post: