Со изложбата „Старата скопска чаршија: Визии за иднината“ одбележана 63-годишнината од Елисејскиот договор
2026-01-28 - 07:53
На 22 јануари, во Сули Ан, францускиот амбасадор и германската амбасадорка заеднички ја отворија изложбата „Старата скопска чаршија: Визии за иднината“. Изборот на овој датум не беше случаен: тој ја одбележува 63-годишнината од Елисејскиот договор. Самиот настан прекрасно го илустрира силното француско-германско пријателство, моментот кога беше запечатено помирувањето меѓу Франција и Германија. Бројната публика можеше да ги открие фотографиите и краткиот документарен филм создадени од студентите за време на работилниците организирани од германскиот фотограф Хајнрих Холтгрев и француската режисерка Леонора Мерсие, како дел од француско-германскиот проект, кој се одржа во октомври 2025 година. Овој проект беше ко-организиран од Францускиот институт во Скопје, Гете-институтот и Универзалната сала.