TheNorthmacedoniaTime

Гаро Тавитјан: Ова е само почеток на еден обемен поголем подвиг со кој ке ја одбележиме македонската ритмика и 7/8-мини во светски рамки

2026-03-04 - 08:07

Бевме почестени со покана од кабинетот на претседателката поради нејзиното воодушевување на нашата инцијатива (која таа ја поздравува) да се заштитат и зачуваат во светски размери особеностите на Македонските ритми и нивната уникатна примена, објави на својот фејсбик профил Гаро Тавитјан. За прв пат во македонската и светската историјата во делот на македонската ритмика успеав на светски платформи (Американски и Европски) и во најпрестижните светски енциклопедии и компании да ги презентирам, заштитам и овековечам македонските ритми, како “Тешкото” (презентиран на тапан и модерни тапани), особено 7/8-минскиот такт како и објаснувајки ја (стручно и академски) македонската традиција, традиционални танци и мелос. Имав среќа и да го дизајнирам првиот Македонски добош/тапан заедно со мајсторот/производител Горан Силјановски (GS Handcraft) од македонски дрва (изворно). Ова е само почеток на еден обемен поголем подвиг со кој ке ја одбележиме Македонската ритмика и 7/8-мини во светски рамки на академско и комерцијално ниво. Кај претседателката Гордана Силјановска бевме поканети и поради нашите ангажмани во светот со безброј концерти во минатото, поради минат труд на Браќа Тавитјан низ светот пласирајки ги звуците на Македонија, 150 снимени албуми за разни артисти, поради моето неодамнешно влегување во светската енциклопедија како единствен артист од источна европа каде претходеа моите договори како заштитно лице на најголемите светски институции, медиуми и светски компании во сферата на музиката (поточно во сферата на ритмиката и музиката), каде го презентиравме нашиот ангажман околу зачувување и заштита на Македонскиот ритам кој провејувал низ сите наши авторски проекти како и низ проектот Македонско срце кое чука во 7/8-мини (со 20 балкански легенди) и како низ заедничка работа повеќе од една деценија со семејната група Гаро и Парамециум која одбележа една етно/џез/рок ера. Уникатноста на акцентските целости и самата изведба на тие Македонски ритмички форми се белег на овие простори. Тоа е богатството на Македонија и припаѓа на целото население како скап подарок од претходните генерации. Се обидуваме на безброј начини да го зачуваме и музичкиот идентитет бидејки пред се тој е втемелен во христијанскиот дух на сограѓаните како и во традицијата а секако и како последица на тоа и музиката добива своја посебна уникатност. Човекот и Бог се поважни од уметноста бидејки уметноста постои само поради нас луѓето а без нас таа и не би постоела. Музиката во која било форма е код на љубовта и хармонијата, помеѓу сите луѓе особено во овие непогодни времиња за сите нас. Доколку сме ние меѓусебно сплотени со меѓусебна почит (сите луѓе и сите нации), тогаш креираме хармонија која целиот свет ке сака да ја слушне. Секако со почит кон сите останати традиции и различни фолклори во светот но и кон оние кои имаат сличен фолклор (но сепак значително различен), се трудиме (како и останатите други уметници, групи и признаени дејци од Македонија) достојно да го презентираме тоа што е од овие простори и тоа што сме го научиле до сега (а секогаш има уште доста да се донаучи). За светот исто така спаѓаме и во сферата на прекрасната балканска музика (бидејки и балканот е тоа што е денеска поради Македонија) но особеностите и музичкиот дијалект ги издвојуваат прекрасните регионални култури меѓусебно за кое говорат и многу академски трудови и музички остварувања.

Share this post: