TheNorthmacedoniaTime

Промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952-2022“ во Кинотека

2026-02-25 - 07:46

Промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, ќе се одржи на 27 февруари, во 19:00 часот во просториите на Кинотеката. Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика, велат од Кинотека. Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието. Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.

Share this post: