TheNorthmacedoniaTime

АНАЛИЗА: Во Тетово и Гостивар над 72% од вработените во јавниот сектор се Албанци, а во Арачиново 100%

2026-02-25 - 12:26

На локално ниво видлива е концентрацијата на вработените во јавниот сектор според етнички клуч во зависност од етничката структура на општината. Етничките Македонци со 100 отсто се застапени во општините главно лоцирани на истокот и југоистокот, како што се Кривогаштани, Берово, Ново Село, Пехчево, Зрновци, Лозово, како и во поголемите како Прилеп и Пробиштип. Со 100 отсто етничките Албанци се застапени во две општини Арачиново и Боговиње, а најголема застапеност од 82,35 отсто на етничките Турци има во општина Пласница, пишува Порталб. Просечната возраст на вработените Албанци е 44,1 година додека на Македонците 47,97 години 100% застапеност на Албанците во Арачиново и Боговиње, 100% Македонци во Прилеп, Пехчево, Пробиштип На локално ниво видлива е концентрацијата на вработените според етничка припадност во зависност од застапеноста на етничките заедници во конкретната општината. На ниво на Град Скопје најзастапени со 74,20 отсто се Македонците, со 16,08 отсто се Албанците, а на трето место според застапеноста со 3,18 отсто се Ромите – покажуваат последните објавени податоци од Министерството за администрација. Со 100 отсто етничките Албанци се застапени во две општини Арачиново и Боговиње, додека над 80 отсто застапеност на етничките Албанци има во следниве општини: Липково 97,37 отсто, Теарце 92,86 отсто, Општина Сарај 91,43 отсто, Општина Желино 84,91 отсто и Општина Врапчиште застапеност од 80 отсто. Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк Од поголемите локални самоуправи менаџирани од градоначалници Албанци, застапеноста на вработените етнички Албанци е следна: во Општина Тетово 77,52 отсто, во општина Гостивар 72,68 отсто, Општина Чаир 65 отсто, Струга 64,85 отсто, следуваат Општина Студеничани каде застапеноста на етничките Албанци е 63,64 отсто и Општина Дебар со 63,38 отсто. Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк Етничките Македонци, пак, со 100 отсто се застапени во општините главно лоцирани на истокот и југоистокот како што се Кривогаштани, Берово, Ново Село, Пехчево, Зрновци, Лозово и во други, како и во поголемите како Прилеп и Пробиштип. Најголема застапеност од 82,35 отсто на етничките Турци има во општина Пласница. Во Агенциите кои се во состав на министерствата, најголема застапеност на етничките Албанци со 47,62 отсто има во Агенцијата за управување со одземен имот и во Државното правобранителство каде застапеноста изнесува 45,20 отсто додека воопшто не се застапени во Агенцијата за филм, а најниска од 3,70 отсто има во Агенцијата за планирање на просторот. Етничките Турци, пак, со над 7 отсто, што е и највисоко ниво на застапеност, се во Институт за акредитација, Геолошкиот завод и Центарот за управување со кризи. Просечна старост – најголема кај Србите, најниска кај Турците Најголем дел од вработените кои се етнички Албанци, или 10.084 се со високо образование, 4.833 се со средно, а 4.751 се со „друго“ образование. Во јавниот сектор во 2024 година, 869 етнички Албанци биле со звање магистер, а 185 биле доктори на науки. Анализирано според степенот на образование, во јавниот сектор има 1.430 Македонци вработени како доктори на науки, потоа 16 Срби, 15 Власи, 13 Турци, 7 Бошњаци и 1 вработен доктор на науки, етнички Ром. Податоците од најновиот Регистар за вработени во јавниот сектор покажуваат дека според просечната возраст на припадниците на заедниците, најголема просечна возраст од 50,47 години имаат етничките Срби додека најмала 43,68 години етничките Турци. Просечната возраст на вработените Албанците е 44,1 година додека на Македонците 47,97 години.

Share this post: