TheNorthmacedoniaTime

Руски танкер со 730 илјади барели нафта се упати кон Куба за да и помогне во енергетската криза

2026-03-18 - 20:53

Руски танкер со нафта се упати кон брегот на Куба во услови на сериозна енергетска криза и целосна блокада од САД, пишува „Блумберг“. Според згенцијата, танкерот „Анатоли Колодкин“, натоварен со 730 илјади барели руска нафта, плови кон кон Куба, која се соочува со недостиг на енергетски носители. Пристигнувањето на танкерот со нафта би можело да биде првата голема испорака на гориво во Куба по долга пауза. Снабдувањето со сурова нафта нема да донесе моментално олеснување за Куба, со оглед на тоа што нафтата треба да се преработи пред употреба, а овој процес може да трае од 20 до 30 дена. Куба соочена со целосен прекин на струја и вода, полошо е од времето веднаш по револуцијата Пред повеќе од три месеци, САД ефективно ги прекинаа испораките на нафта во земјата, која периодов се соочува со вистински енергетски колапс.

Share this post: