TheNorthmacedoniaTime

Државниот архив 75 години е столб на македонското битие: Најстариот документ што го поседува е Евангелието на Лука од 12 век од фондот на охридското семејство Робеви, вели Димитар Богески

2026-03-21 - 10:13

Државниот архив е столб на македонското битие, предизвик е да го зачуваме и заштитиме целото архивско наследство. Еден од најстарите документи, односно најстариот документ којшто го поседува Државниот архив е Евангелието на Лука кое потекнува од 12-от век, а најден е во фондот на охридското семејство Робеви. Ова во интервју за МИА го вели директорот на Државниот архив, Димитар Богески. Архивот на 1 април идниот месец одбележува 75 години од своето постоење. По тој повод, како што рече Богески, ќе организираат изложби, промоции на книги, промоции на документи, со цел да се афирмираат документите што ги чува Архивот, односно, како што нагласи, да се афирмира целата општествена, историска и културна дејност во Македонија. Државниот архив е составен од девет подрачни одделенија, девет подрачни архиви и заедно имаат околу 8.000 фондови или кај нас се мери во метри должина, околу 9 километри архивски материјал. Еден од најстарите документи, односно најстариот документ којшто го поседува Државниот архив е Евангелието на Лука кое потекнува од 12-от век, а најден е во фондот на семејството, охридското семејство Робеви, вели Богески.

Share this post: