TheNorthmacedoniaTime

79-годишна скопјанка го пријавила синот дека психички ја вознемирува

2026-03-07 - 14:57

79-годишна скопјанка го пријавила својот син во полиција дека психички ја вознемирувал, бидејќи и барал пари и ѝ се заканувал, Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг период била психички вознемирувана од нејзиниот син Г.В.(44) од Скопје, кој ѝ барал пари и ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share this post: