Николоски: Бугарија го ратификуваше договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8
2026-02-13 - 15:30
Бугарија го ратификуваше договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8′′, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил. „Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше ратификуван и во македонското Собрание. Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас“, напиша Николовски на Фејсбук. Според него, ова ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но како што вели, покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и стратешките партнери. „Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани“, напиша Николовски.