Рaција во канцелариите на „X“ на Илон Маск во Франција
2026-02-03 - 10:58
Француското обвинителство врши рација во канцелариите на социјалната мрежа „X“ на Илон Маск, објави Би-Би-Си. Рацијата ја спроведува единицата за сајбер-криминал при обвинителството, со асистенција од Европол. Акцијата е поврзана со истрага отворена во јануари 2025 година, по поднесени претставки за алгоритмот на „X“ и за содржината што и се препорачувала на корисниците. Обвинителството информираше дека Илон Маск и поранешната извршна директорка на „X“, Линда Јакарино, се повикани да се појават на сослушувања во април во рамки на истрагата. Претходно, од „X“ истрагата ја нарекоа „напад врз слободата на говорот“. Во соопштението, париското обвинителство наведе дека акцијата е дел од напорите да се обезбеди усогласеност на платформата со француското законодавство. Истрагата била проширена во јули 2025 година по извештаи за ширење експлицитни дипфејк-содржини. „Х“ тогаш го оцени проширувањето на истрагата како „политички мотивирано“ и ги негираше обвинувањата дека го манипулира својот алгоритам. Француското обвинителство соопшти и дека ќе престане да комуницира преку платформата „X“ и дека во иднина ќе објавува информации преку други социјални мрежи.