TheNorthmacedoniaTime

Играта Anno 117: Pax Romana е бесплатна до втори март

2026-02-27 - 10:16

Студиото Ubisoft најпознати по Assassin’s Creed франшизата, само што пушти во оптег нова стратешка игра наречена Anno 117: Pax Romana која ќе биде бесплатна до 2 март и може да се игра и на компјутер и на конзолите PS5 и Xbox. Се работи за стратегија во која го одржувате Римското Царство како гувернер, каде има градење градови, менаџмент на ресурси и борби со елемени од RTS (Real Time Strategy, Стратегија во Реално Време) игрите. Во текот на оваа бесплатна промоција на играта ќе можете викендов да се нурнете во светот на Римското Царство како никогаш досега во доменот на стратешките игри. Играта нуди многу интересни опции што претходно и ги немало во други стратешки игри -при што ги задржува веќе најпривлечните карактеристики. На пример има имплементирано специјален систем за тргување преку реки, не само преку море. Додека визуелниот приказ е врвен во играта како што ниедна стратегија немала порано и се движите низ мапа од птичја перспектива и контролирате сè можно во најнова графика, од убаво анимираните градови до отворено море со модерни текстури за водни површини и детални бродови -сè во играта е исполирано да изгледа со квалитет на најновите игри. Во зачетокот на гејмингот -игрите за Стар Рим беа како вид на еден посебен жанр на стратегии -дека нудеа ниво на комплексност на одржување на цела империја и директни борби со поставување на војска и слично додека макијавелски манипулативно во улога на иден император се одржува моралот и контролата над народот со паролота „Леб и Игри“ преку гладијатоски борби и други активности во Колосеуми. Игрите за Стар Рим беа многу сакани особено затоа што бараа едновремен мултитаскинг на играчот. Со оваа игра Anno 117: Pax Romana -се поентира и на носталгијата за игри за Рим кај повозрасните гејмери на кои доста добро им е познат факторот на имерсија токму на вакви тематски стратегии -кои кулминираа во серијалот стратегии Total War каде исто така важна улога играше и Дипломатијата како карактеристика. Што се однесува до компетитивниот дел од играњето со пријатели, има и multiplayer систем каде на иста мапа може да играат и поголем број играчи онлајн почнувајќи како гувернери на стартни територии каде се развиваат и можат да се напаѓаат целовремено или по договор за ненапаѓање до одредено време, но и нормално има и играње 1 на 1 со пријатели, а и класичното групирање и играње со пријател против компјутери е присутно во самата игра. Практично се игра против AI -то на играта, како во старите добри времиња на Starcraft Broodwar и Warcraft 3. Приказната иако е детална и со фази на развој и своја прогресија не наметнува ургентни задачи на играчот -туку напротив служи како наратив филер -што е исполнет со многу референци иако поставеноста е малку наивна. Сето ова е наменето за помладите генерации да бидат инспирирани дополнително да читаат и истражуваат за Римската Империја, за тоа како било тогаш историски. Така што играта е лесно адаптибилна и за тотални почетници во стратешките игри или како што популарно се наречени од гејмерите кај нас стратегии. А од сајтот IGN уште пред неколку месеци -пред оваа акција за привремена бесплатна достапност на играта направија детална критика за играта -каде можете да видите како изгледа играта додека се игра: Играта веднаш насобра позитивен фидбек од сите вебсајтови кои оценуваат квалитет на игри. Оценета со рејтинг 84 на сајтот на Metacritic каде доби и статус на „Generaly Favorable“, додека сајтот TheSixts Axis за играта рекоа, цитирам: „Anno 117: Pax Romana е стратешка историска игра збогатена со многу содржини и се адаптира на сè што играчите сакаат да биде.” во продолжение велат: „ Дали се работи за удобно и пријатно градење градови што нуди неограничени можности за кустумизација, или пак Sim-игра каде има длабок економски менаџмент, или пак компетитивна RTS игра, Ubisoft со оваа игра ги чекира сите категории на листата со изострениот вкус со кој е направена играта.” Доколку ја проиграте играта Anno 117: Pax Romana на оваа викенд бесплатна промоција до 2 март, добивате екслузивни награди во самата игра, но ако ви е врзан Ubisoft акаунотот со вашиот Twitch акаунт има и додатни козметички награди во играта што подолго гледате стримови од самата игра. Играта може да се симне и игра на коресподентните платформи за PS5 и XBox додека за да ја играте на компјутер -само треба да направите Ubisoft акаунт и да го симнете Launcher-от Uplay и да одберете Free Trial на следниов линк што води до самата видеоигра, која целосно земено е најрелаксирана стратешка игра за играчите досега.

Share this post: