Играта Black Desert Online ја слави својата десет годишнина
2026-03-09 - 09:07
Black Desert Online или скратено BDO беше феномен од игра која се појави пред 10 години, со врвна графика и сè уште најдобра костимозација за креирање изглед на ликови, многу интерсна анимирана акција, голем избор на различни класи на ликови и можност да се игра играта тотално без насилство преку sandbox minigames. Играчите на PvP серверите се бореа меѓусебно во огромни битки и индивидуални дуели во дивина. Ова е најавата за прославата по повод на 10 годишнината на BDO што е во тек и ќе трае две недели со полно забавни и наградни настани. Играта досега редовно се надградува градуално за што имаме повеќе написи што можете да ги прочитате на следниот линк. За време на 10 годишнината има евенти од секаков вид, каде ќе има лесно достапни вредни материјали за надградување на опремата, накитот, оклопите и оружјата и секој играч ќе добие целосен скин Оutfit во ковчег каде на среќа може да ви се падне скап костим. А некои од активноситите нудат и директно добивање на Pearls што е валута за купување на најскапите скинови во играта, кои претходно можеа да само да се купат со вистински пари. Има и други комични евенти -како огромен Бос во форма на роденденски подарок како четвртаста картонска кутија со машничка од ленти, торти кои ќе никнуваат од немај-каде додека патувате со јавање на коњ кои треба да ги елиминирате, ќе добиете и титули според вашето време поминато во секој различен регион на мапата и многу ретроактивни бенефити -со кои се цени вашето претходно вложено време на играта со екслузивни награди според вашите целосни заслуги. На пример ако сте поминале доста време во грајнд во одредена шума или област -добивате адекватна титула за активностите таму што стои покрај името на ликот и означува дека сте одличен познавач на таа област. Што се однесува до имињата на играчите кои се заклучени и неможеле да ги добијат за својот акаунт или ликови -со воведување на нов вид на пазар за тргување наречен Royal Market-играчите ќе можат фатеното име да го продадат на други играчи за кои било заклучено, а тие трансакции ќе се прават со сребреници (Silver) што е главна валута во играта и која се заработува само со долго индивидуално играње и штедење. Во оваа игра неможе пријател да ви подари сребреници -мора да ги заработите сами, еден вид лекција за да се цени стекнатото -што не е карактеристика во повеќето ММО игри каде најчесто главната валута е златници (Gold) што може да се подаруваат од играч на играч за побрзо напредување во опремувањето на ликот на пријател почетник што ви се придружил да играте заедно на дадена онлајн игра од овој тип видеоигри. Исто така покрај мотивационите награди за логирање, се враќаат скинови и екслузивни награди кои биле еднократни и еклузивни за одредени периоди во развојот на играта. Но за да се стигне до нив не треба да пропуштите да се логирате во играта секои 24 часа, но и да пропуштите ден два -се дава грејс период да се стигне до последните награди на листата со тоа што не ги добивате наградите во директно пропуштените денови. Девелоперите Pearl Abyss за оваа промоција ги одвоија најпопуларните и најдобрите ајтеми и скинови според тоа колку се посакувани од играчите. Во основа Black Desert може да биде многу пријатно искуство ако се сфати дека сите мрежни игри од овој тип на игри -ММОРПГ игри се наменети да се играат со години и да се градат и појачуваат ликови или само еден главен лик -така што поривот на новите играчи што очекуваат за месец дена забрзано да направат сè можно во играта -самата игра им вели да стопираат малку и успорат и да практикуваат трпение, како што вели старата добра максима поговорка во повеќе култури низ светот дека :„Сè што се прави брзоплето и набрзина е лошо, а тоа што се прави полека и со време е добро.“ За играчите што свират инструменти во играта, дека самата игра тоа го поддржува -ќе има посебен натпревар каде на бина ќе се натпреваруваат пред публика кој најдобро ќе отсвири со посебни награди и редици активности за време на евентот. Исто така ќе има и настан специјализиран за еснафи Гилди во кои се групираат играчи и заедно напредуваат -за нови бранови на регрутирање и активирање редици активности. Играта Black Desert Online е основата за новонајавената Single Player игра од истата фирма Pearl Abyss што ќе излезе наскоро насловена Crimson Desert -игра за која откако е првпат рекламирана редовно известуваме и може да прочитате тука, а заинтересираноста за неа е огромна и во фокусот на гејмерите ширум светот како најдобра авантуристичка и акциона соло игра што ќе излезе следна. Во Crimson Desert има и нивоа од градови и пејсажи директно рециклирани од Black Desert Online, но со многу дополнителни содржини и поголема мапа и свет за истражување. Во Black Desert Online екстремно им е важно на играчите да им изгледаат хероите и херојките најдобро што може, така што целосните скинови за оклоп и оружја се нешто кон што се стремат во самата игра. За важноста на скиновите во онлајн игри имаме Водич што може да го прочитате овде што го објаснува тој концепт целосно, а ако имавте непознати зборови во овој напис -ви го препорачуваме Водичот за гејмерски термини што може да го прочитате тука, каде детално се објаснети сите фрази што ги употребуваат играчите на слични видеоигри. Најавен е и нов целосен Скин Outfit што треба да биде додаден месецов во продавницата на играта, поради кој почнаа шпекулации дека ќе се воведе Некромансер класа во играта – Outfit-от е наречен Dark Prince и многу потсетува на ликот на Sauron од трилогијата филмови „Господарот на Прстените“ режирани од Питер Џексон-направени според книгите на писателот Џон Роналд Руел Толкин. Вака ќе изгледа во самата игра: Ако ја немате испробано оваа игра -нема да се разочарате од квалитетот што го одржува и ден-денес и графички и функционално. И самите борби и акција се факторот што највеќе ги задржува играчите во самата игра, затоа што има кул потези, удари и движења од голем распон за различни ликови, затоа што комбатот во секоја игра е она на што се посветува највеќе време при играњето и ако тоа е добро направено обично целата игра е добра за играње. Иако во редовна продажба BDO држи цена од 10 евра, додатоците се со астрономски цени. Но често има и промоции на секои неколку месеци каде играта е тотално бесплатна. Играта досега ја имаат играно над 20 милиони играчи ширум светот. Што се однесува за моменталните попусти за играта по повод 10 годишнината на BDO, моментално на Steam играта Black Desert Online може да се купи само за само едно евро односно поточно за цена од 0,99 euro- промоција што трае до 12 Март.