TheNorthmacedoniaTime

Новата гротескната анимација во играта Black Myth: Zhong Kui

2026-02-13 - 15:49

Штотуку излезе најновиот трејлер за играта насловена „Black Myth: Zhong Kui“ од девелоперите на играта Black Myth: Wukong, анимацијата по квалитетот е невидено исполирана и на моменти заличува како сниман филм, но исто така дејството е гротескно симболично и како намерно да е направено да биде одвратно и хорифично за публиката и играта е наменета за возрасни играчи. Во следната снимка од анимацијата -со коментар од најпопуларниот Јутубер и коментатор во моментов за видео игри Asmongold, тој и неговите фанови се шегуваат -иако самиот ја препорачува играта токму поради тоа што Wu Kong: Black Myth претходникот на Black Myth: Zhong Kui беше многу успешна и навистина добра игра, но не со ова ниво на гротеска: Уште при првата најава на играта Black Myth: Zhong Kui имаме детален напис што ги објаснува повеќето аспекти на приказната и концептот на следниот линк. А за првата игра Wukong во серијалот Black Myth -што веројатно ќе се развива и со други херои и негативци од класичната традиционална кинеска митологија и понатаму во иднина имаме повеќе написи овде. Јутуберот Asmongold и самиот кажува дека е финансиран од кинески фирми да ги рекламира игрите во нивно производство. Но Кинеските нови видеоигри и се навистина добри и со силен бран во зачеток почнуваат да ја освојуваат глобалната публика на гејмери. Во Black Myth: Zhong Kui главно се работи за протагонист којшто е сколар и ловец на демони што бил со одвратен физички изглед. Во најновата анимација има процес на готвење на магично јадење кое најверојатно треба да дејстува како серум на вистината за испитување на фатен заробеник чиј идентитет не се открива. Или пак случајот е давање на магиски моќи на млад Zhong Kui преку сличен ритуал како „Trial of The Grasses“ во Witcher книгите, игрите и сериите каде ако се преживее се станува извитоперн мутант и се добиваат мистични моќи потребни за борби против чудовишта кои се ловат од протагонистот. Но сето ова се шпекулации за предвидување на дејството преку самиот трејлер, како ќе испадне приказната околу ова ќе се види од самата игра. Иако играта е за возрасни играчи, неминовно постои можност да биде видена и од најмладите и децата. Сепак ако се земе во предвид дека гротеската и хорор елементите во фантазиски приказни долги години беа гледани од деца и тинејџери на телевизија во осумдесеттите и деведесеттите години- што воопшто не беше адекватно, во времиња кога уште немаше предупредувања за возрасни групи а на светско ниво се емитуваа филмови и серијали како Раскажувачот на Џин Хенсон, Филмот Лавиринт со Дејвид Боуви и Џенифер Конели, филмот Легенда со Том Круз, анимираниот филм Последниот Еднорог и други. Ширењето страв преку телевизија е сега доста позната карактеристика на појавата на таканареченото „Војување со информации“ (Information Warfare), главно наменета да предизвика луѓето да се плашат континуирано и да отапат за да не дејствуваат во никаков активизам против репесии. Но интернетот е многу послободно и пошироко поле на содржини каде што корисниците сами бираат што ќе гледаат и тоа неможе да биде контролирано толку лесно. Во последно време слично серијалот филмови Хари Потер и целата франшиза од книги и видео игри и други содржини -со себе носи страшни сцени што воопшто и не се адекватни- а се генерално наменети за деца. Но е должност на родителите и старателите да мониторираат на кои содржини се изложуваат децата и тинејџерите. Black Myth: Zhong Kui ја има истата нота на хорор игра со чудни страшни чудовишта во секакви концепти каде се измешани елементи од од кинеските митови, со сè што дошло со видео игрите и филмовите, книгите, стриповите и други медиуми и е актуелно релативно неодамна. Сепак ако се земе се’ ова во предвид -такви се и сите Souls видеоигри. Кои со себе носат бунтовност каква што има хеви метал музиката -симболично. Иновацијата тука е во нивото на „реализам“ во презентираната анимација, а и се очекува играта целосно и додека се игра да биде таканаречена Next gen (следна генерација) на квалитет во анимација. Досега уште не е објавен датумот за излегувањето на играта Black Myth: Zhong Kui.

Share this post: