TheNorthmacedoniaTime

Зеленски: Cè уште има реални можности војната да заврши достоинствено

2026-02-21 - 13:26

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, по мировните преговори со Русија и САД во Женева, кажа дека „сè уште постојат реални можности за да се заврши војната со достоинство“ и повика на уште еден круг на преговори да се одржи „многу скоро, во февруари“, пренесува „Гардијан“. Зеленски кажа дека одговорите на Украина на најтешките прашања пред следниот состанок се подготвени и дека сè уште сакаат да отворат некои прашања на ниво на лидери со Трамп и со Путин. „Тоа е форматот на лидерите што може да биде пресуден во многу аспекти. Украина е подготвена за таков формат“, рече тој. Тој исто така посебно им се заблагодари на своите тимови за покажаното трпение во сите разговори со Русите, велејќи дека тие „не секогаш биле лесни или разумни“. Зеленски кажа и дека „Европа активно учествува во процесот за завршување на војната“ и дека нејзината улога „мора да расте“.

Share this post: