Инди играта „Cat Parents“ за само три дена собра преку 100.000 wishlist на Стим
2026-03-24 - 14:36
Видеоиграта Cat Parents е игра каде спасувате улични мачки и се грижите за нив на сите можни начини со нивно прибирање дома, хранење со адекватна храна, обезбедување ветеринарна помош и лекарства и нивно запазување на хигиена и нега до враќање во добро здравје кога веќе станале дел од вашето семејство – тоа е и смислата на играта Cat Parents. Играта за само три дена откако е најавена на Steam собра преку 100,000 додавања на Wishlist, листа на која маркирате игри што сакате да ги имате. Мачињата во играта се преслатко анимирани и веднаш ги освоија срцата на гејмерите и гејмерките ширум светот кои исто така и се грижат и за улични мачки скитници во реалниот живот или едноставно сакаат мачки. Играта се базира на задачи за спасување на мали мачиња и веќе израснати мачки во неволја токму како што се случува со мачките во реалниот свет -но сето ова претставено во добро анимиран колоритен свет. Исто така што се однесува до Правата на Животните на улица и активистите што се борат да се реализираат истите, знаат и вистински да завршат со повеќе мачки во својот дом -во играта играте и со машки лик -токму да се скрши стигмата за стереотипно опишана појава на „Cat Lady“ (жена што живее со многу мачки дома и одлучува да биде без партнер). Што се однесува во ситуациите во играта CatParent -малку се поосветлени – иако емулираат ситуации за спасување мачки паднати во дупка, во канализација, оставени на коловоз или скриени под тркало од автомобил каде се навикнале да се заштитутваат од надворешни услови како ладно време, ветер, снег или дожд- но се под голем ризик да не бидат забележени од возачот на колата и да настрадаат. Бруталните хорифични ситуации што ги снаоѓаат уличните мачки, се претставени во неексплицитен сетинг во форма на интереактивен анимиран филм, што е сепак видеоигра во сржта. Девелоперите на играта од издавачот наречен „GAZE IN GAMES“ (Во превод „Зјапај во Игри“) беа пријатно изненадени и не им се веруваше за фидбекот на нивната сеуште неизлезена игра. Во пост на Linkedin главниот CEO на студиото: Solvita Sacha ја изрази пријатната, позитивна нивна изненаденост, каде вели -цитирам: „Играта CatParents на која работевме и сонувавме да ја направиме во која ја влевавме нашата креативна страст конечно беше најавена пред три дена” и додаде „ Ова е игра која и самите сакаме да ја играме, но не ни замислувавме дека нашата мала игра ќе предизвика толкав интерес кај толку голем број луѓе.” Логиката на активистите за права на животните за кастрирањето на прибрани мачки кои се чуваат дома е дека ако не се кастрираат им се раѓаат голем број мачиња кои ако не се згрижат најчесто умираат додека се многу мали и беспомошни. Исто така кастрацијата на машки -мачори во поголем дел од случаите ги прави понеагресивни. Од овој аспект похуман пристап е самото ова, иако реално особено љубителите на животни не би сакале и самите воопшто да навлегуваат во телесниот интегритет на ниедно животно. Наспроти мислењето дека на мачките како храна највеќе им одговара било какво месо и дека треба да пијат млеко, тоа долгорочно може многу да им наштети. -Најздрава храна за мачките е токму сува храна спацијализирана за мачки купена од локален Pet Shop. Насловот на играта CatParents е доста погоден затоа што кога чувате мачка или куче тоа ве гледа првично како родител, спасител и како најдобар пријател и како заштитник и како дел од нејзината глутница со особено важна улога на патрон единка која обезбедува храна и засолниште. И не е точно дека кучињата и мачките ве сакаат се додека им се дава храна. Љубовта на животните кон луѓето и обратно е секако многу повеќеслојна. Вистинските љубители на мачки доста добро знаат дека стереотипите за тоа дека мачките се поиндиферентни од кучињата не е вистина, всушност научен факт е дека мачките читаат човечки говор на тело и гестикулации многу подобро од кучињата, но исто така можат да бидат многу посветени, лојални и да изразуваат емоции. Сето ова е симболично претставено во играта CatParent. Со новите начини на можности за набљудување животни во дивина, се повеќе се отфрла мислењето дека животните реагираа и живеат и функционираат само исклучиво водени од инстинкти. Со употреби на камери на дрвја во шуми и дивина, надгледување со летачки дронови, научниците се повеќе откриваат дека и животните и размислуваат и чувствуваат и комуницираат. Во следново видео може да погледнете што значат различни реакции кај мачките од тоналтет на различни видови мјаукања до нивен говор на тело, што е „примитивна форма на развивање сопствен јазик“, иако на друго ниво на комуникација и комплескност. Секако човекот генерално е посвесен, можеби дека мачките имаат помалку сива мозочна маса, а човекот многу повеќе. Но вообразеноста на луѓето и гордоста на нивниот интелект -испаѓа дека не се до толку основани како што се мислело порано особено во сооднос кон животните кои биле потценети во минатото. Според повеќето инсерти во трејлерот може да се види дека сите овие горенаведени концепти се имплеметирани и парцијално и директно во самата игра CatParents која несомнено ќе биде нов огромен светски успех кога ќе биде објавена и пуштена во продажба. Најважното е што играта и супер изгледа и носи позитивни и информативни пораки и концепти околу чувањето и згрижувањето мачки. Секако ви препорачуваме да ја додадете играта CatParents на својата Wishlist на Steam, за понатамошни известувања иако сè уште нема најавено конретен датум кога ќе излезе играта.