TheNorthmacedoniaTime

Режисерот Вардан Тозија и продуцентката Ивана Шекуткоска освоија Cinélab Romania Award за проектот “Балада за лонецот и капакот”

2026-03-22 - 12:34

Меѓународно признание за македонски филм!, информираа од Агенција за филм. Режисерот Вардан Тозија и продуцентката Ивана Шекуткоска, во продукција на Минимал колектив, освоија Cinélab Romania Award на 23-то издание на „Sofia Meetings“ за проектот “Балада за лонецот и капакот” (The Pot, The Lid and The Nurse). Наградата вклучува пост-продукциски услуги во вредност од 15.000 евра и претставува значајна поддршка за понатамошниот развој на филмот. Честитки за тимот и уште еден силен чекор за македонската кинематографија на меѓународната сцена!

Share this post: