TheNorthmacedoniaTime

Проекција на „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски во Брисел на Cinema Galeries, ќе присустува и министерот Љутков

2026-03-02 - 13:26

Министерот за култура и туризам вечерва во Cinema Galeries, во Брисел ќе присуствува на премиерната проекцијата на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски пред европската публика. Присуството на министерот Зоран Љутков е јасна потврда за посветеноста на Министерството за култура и туризам кон поддршка на македонската кинематографија и нејзината меѓународна афирмација, велат од Министерството за култура и туризам. Филмот е копродукција, реализирана со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија, Српскиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Чешкиот аудиовизуелен фонд и Еуроимаж. По проекцијата следува панел-дискусија за улогата и значењето на меѓународните копродукции во продлабочувањето на европската соработка во филмската индустрија. Настанот е во организација на Европската асоцијација на директори на филмски агенции (EFAD), во соработка со Министерството за култура и туризам и Агенцијата за филм на Македонија.

Share this post: