TheNorthmacedoniaTime

Новонајавената игра „Control Resonant“ пристигнува оваа година

2026-02-18 - 14:36

Control Resonant е новонајавена игра што ќе излезе годинава, и се смета за продолжение на играта Control која се играше со женски протагонист со телекинетички моќи и пукање со огнени оружја. Во Control Resonant приказната е насочена како за тоа како реалноста хаотично се распаѓа, а херојот во играта е спореден лик од првата игра по име „Дилан Фејден“ кој се бори со секакви интердимензионални чудовишта, од нормална величина до џиновски главни што доаѓаат во нашиот свет преку процепите на реалноста од други димензии. Во приказната е применет и образецот од научна фантастика за психолошки момент каде во играта потиснатите чувства и мрачните мисли на луѓето се манифестираат во демони и чудовишта откако реалноста доживува тотален крах и живеењето помеѓу соништата и самата реалност е интерконетирано измешано во сосема нова варијанта на постоење и повеќеслојна хаотична виртуелност и извитопереност од космичка закана што е против човештвото. Целата игра се одвива во Менхетен, во верзија што потсетува на иконичните сцени со луцидно навалување на простор и цели квартови како во филмот „Inception“ со Леонардо ди Каприо. Перспектива за тоа што е горе а што долу се менува како во филмовите со Доктор Стрејнџ од Марвел филмовите каде се виткаат згради со сосема различна променлива влечна гравитација што пркоси на законите на физиката. Главниот лик Дилан користи оружје што се вика „Аберант“ кое што се претвара во секави различни оружја за од блиску, од сечива, метални ескрими, до голем чекан и слично како што редот заштитници на мултиверзумот Green Lantern што може да создава оружја со различна форма и функција по желба во DC Comics филмовите и стриповите. За напади од далеку користи разни гротескни способности што играчот ги стекнува од победување главни и прогресирање низ приказната од играта. Додека самиот комбат и можноста за Free Roam потсетува на серијалот видеоигри Prototype. Друга огромна сличност со друг серијал видеоигри е што оваа игра е под големо влијание на Devil May Cry серијалот, на која борбите премногу потсетуваат па и движењата низ нивоата исто така. Да не спомнуваме дека и борбите против различни главни имаат посебни уникатни механики карактеристични за индивидуални босеви на кои поискусните гејмери веднаш ќе се адаптираат. Со одредени босеви се борите како во Souls игрите, главно користејќи доџирање (избегнување) удари и долготраечки поминувања на главни, за што треба челично трпение и употреба на брзи рефлекси целовремено и истрајно. Токму поради тоа и играта ќе преставува предизвик за гејмерите. Играта исто така е наменета за возрасни гејмери затоа што факторот на Blood and Gore и експлицитни крвави сцени е сеприсутен и во борбите и во анимациите и сцените од играта. Иако се уште се работи на играта, сепак девелоперите Remedy Entertainment иако не претераа со маркетинг туку со самото прикажување на инвентивната и иновативна видеоигра во изработка предизвикаа огромен интерес до степен што гејмерите ширум светот со нетрпение го чекаат објавувањето на играта Control Resonant додека можноста за преднарачување на играта не е уште активирана-можете да ја додадете играта на Wishlist на Steam

Share this post: