Cuban Jazz Explosion во Скопје
2026-03-30 - 11:24
На 16 април во 20:00 часот во Националната Опера и Балет, Alain Pérez заедно со Националниот џез оркестар и осумчлената ритам-секција La Orquesta ве носат на незаборавно патување низ салса, тимба и џез. Овој април, Скопје станува дел од европската турнеја La Fiesta Tour на Alain Pérez – музичар кој со децении ја пренесува енергијата на кубанската музика на светските сцени. Alain Pérez е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент, кој го стекна своето светско признание како член на легендарниот латин-џез состав Irakere под водство на Chucho Valdés, и како долгогодишен соработник на фламенко-иконата Paco de Lucía. Во текот на кариерата соработувал со музички великани како Chick Corea, Wynton Marsalis, Celia Cruz, Rubén Blades, Paquito D’Rivera, Diego El Cigala и Isaac Delgado, создавајќи уникатен звук кој ги спојува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во моќна музичка експлозија. Добитник на Grammy и Latin Grammy признанија, Alain Pérez денес важи за еден од најистакнатите претставници на современата афро-кубанска музика. Подгответе се за вистинска кубанска фиеста, со енергија и ритам што се чувствуваат со цело тело! Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на https://mktickets.mk/event/cuban-jazz-explosion/ и на продажните места на MKTickets. Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.